Капитенот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров се најде во идеалниот тим на СФРЈ креиран од страна на данскиот ракометар Расмус Бојсен.

Како што вели самиот тешко е да се одбере идеалниот состав, но кога станува збор за Лазаров, тука нема дилеми, неговото место е сосема заслужено. Главен предводник на овој ѕвезден тим е Лино Червар, кој беше селектор на Македонија и на Хрватска.

Погледнете во продолжение каков состав би имала Југославија доколку постоеше.