Владата на Република Македонија, одлучи а денеска Службен весник ја објави одлуката дека од денеска 13 мај 2020 година се дозволува да се отпочне со спортски тренинзи исклучиво во поедини спортови и тенис.
Ова е одлуката која ја најави министерот за здравство Венко Филипче. а сега добива и официјализација преку одлука на Влада.

„Од 13 мај 2020 година може да се отпочне со спортски тренинзи на отворено, исклучиво за поединечни спортови и тенис, со задолжително почитување на Протоколот за тренинг на спортисти во поединечни спортови од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство кој е даден во Прилог број 1 и е составен дел на оваа одлука.“ – стои во соопштението на Владата на Република Македонија.

Од друга страна пак, се чека до крајот на неделава или пак на почетокот на следната веќе да има ваква одлука што ќе се однесува за тренинзите на екипните спортови, па конечно да се знае временската рамка отприлика кога би можеле да се рестартираат и државните шампионати.