Управниот одбор на денешната седница донесе одлука во однос на распределбата на местата на клубовите во Европа, во предвид се земени минатогодишните резултати.

Очекувано, Вардар ќе игра во Лигата на шампионите следната сезона, македонскиот првак веќе имаше загарнтирано место во елитното клупско натпреварување во кое се уште е бранител на титулата.

Вајлд-карта за истото натпреварување ќе бара Е. Пелистер, доколку не ја добие оди  директно во Лига Европа.

Металург ќе игра Лига Европа, тимот од Автокоманда ќе аплицира за директен влез во ЛЕ, доколку не добие вајлд-карта ќе игра едно квалификациско коло, што се однесува до Бутел Скопје ќе игра квалификации.

И Тинекс Пролет и Охрид ќе добијат шанса доколку се имаат интерес за Лига на Европа, ќе аплицираат за квалификации.