Управниот одбор на РФМ на видео-седница го потврди предлогот на клубовите за следната сезона. Веќе беше добро познато дека нема да се прогласува шампион за оваа сезона, денеска само доби официјализација.

Што се однесува до Супер-лигата, истата ќе биде проширена. Во првата фаза ќе брои 14 екипи кои ќе бидат поделени во две групи, нови членови ќе бидат Астраион, Прилеп, Јуниор Кисела Вода, Тиквеш, КЛ7 и Младост Богданци. Во понискиот ранг се селат Металург 2 и Вардар Јуниор, додека пак учесниците во СЕХА-лигата ќе се приклучат во вториот дел.

Во плеј-офот покрај Вардар и Е.Пелистер ќе играат трите најдобро пласирани екипи од двете групи, останатите осум тима ќе се борат во плеј аут.

Супер-лигата во сезоната 2021/22 ќе брои 10 екипи.