Цели 37 години производителот за спортска опрема „Спалдинг“ беше спортски бренд за топките во НБА лигата. Оваа година истекува договорот, а во најсилната професионална кошаркарска лига во Светот се враќа „Вилсон“, кој беше партнер на НБА до 1983 година.

Вилсон ќе биде снабдувач на топки од идната сезона, а исто така си резервираше место и во видео-игрите поддржани од НБА.

Топките за идната сезона ќе бидат креирани во договор со тимовите и играчите.

НБА и Спалдинг се разделуваат после 37 години. Оваа компанија беше во НБА од 1983 година, токму превземајќи го бизнисот на Вилсон кој сега одново се враќа.