Стартот на првенството во Португалија е закажан за 4. јуни. Тогаш Стефан Ристовски и неговиот Спортинг Лисабон стапуваат на сцената и ќе го продолжат шампионатот.

Ристовски е еден од првите македонски фудбалери кои ќе се вратат на спортот.

Доколку се остварат најавите, Ристовски веднаш по враќањето ќе има исклучително тешка задача, и ќе го игра градското дерби против Бенфика на гости.