Себастијан Фетел, четирикратниот светски првак во Формула 1 на крајот од оваа се уште незапочната сезона, си оди од Ферари. Тоа и дефитивно, но сега главно прашање е каде ќе ја продолжи својата кариера германскиот возач.

Една од опциите е Мерцедес, каде заедно со Хамилтон би се создал вистински дрим-тим. 

За таа опција свој коментар има Тото Волф, шефот на Мекларен.

“Себастијан е супер возач, сјајна личност и секако дека секој тим го посакува во своите редови. Кога гледаме во иднината нас во преден план ни се нашите возачи, од друга страна кога ќе дојде до ваков развој на настаните, е тогаш работите треба да се земат в предвид“ истакнал Волф.

Во случај Фетел да дојде во Мерцедес, тогаш овој тим ќе мора да се “ослободи“ од Валтери Ботас.