Работнички се вклучи во хуманитарна акција во битката за пандемијата коронавирус. Дел од кошаркарите на најтрофејниот колектив во Македонија, денеска ја потсетија Универзитетската Клиника за детски болести, тие донираа ракавици, визери, маски и средства за дезинфекција.

Овој гест е само потврда дека спортистите во нашата земја и надвор, заедно со медицинските лица се едни од најголемите борци во овие тешки денови.