Натрупаниот распоред на фудбалски натпревари ја натера ФИФА да изнајде начин како да се комплетира репрезентативниот календар за оваа 2020 година.

Според пишувањата а британски „Дејли Меил“ во светската куќа на фудбалот во моменов има едно екстремно сценарио во кое во еден месец може да се одиграат и по 8 натпревари?!

Барајќи термини за откажаните репрезентативни средби, ФИФА доаѓа во ситуација да ги прилагодува календарите на националните натпреварувања, кои исто така се испреместени. Според „Дејли Меил“, радикалната идеја што се појави во ФИФА предвидува многу подолг репрезентативен прозорец од вообичаеното, што на репрезентациите ќе им понуди можност да одиграат осум последователни натпревари.

Идејата е да се дојде до максимум шест натпревари во Лигата на нации и два пријателски натпревари на ФИФА за еден месец. Се споменува теминот ноември-декември, но секако за ова треба да се праша и УЕФА и останатите конфедерации.