Пилотот на Рено, Даниел Рикиардо, ќе биде замената за Карлос Саинц во болидот на Мекларен, пренесува Би-Би-Си.

Според изворот, тимот веќе е подготвен да потпише договор со Австралиецот за сезоната 2021 година, но раководството го чека официјалното заминување на Карлос Саинц, чиј договор со Ферари треба да биде заверен најдоцна утре.

Преговорите во моментов се во завршна фаза, а се очекува официјално објавување на договорот да се реализира оваа недела.

Што се однесува до Рено, на местото на Даниел Рикардо може да дојде двократниот светски шампион Фернандо Алонсо, или еден од пилотите од младинската програма на францускиот тим.