Во сезоната 1984/85 Вардар заврши на 5. место, па така со тој пласман успеа да се пласира во квалификациите во Купот на УЕФА. Сепак тоа е друга приказна, во овој Old But Gold ќе се навратиме на мечот во Скопје помеѓу Вардар и Искра од Бугојно, кој заврши 3:0, иако според играта и шансите можело да биде и поубедливо. Интересно е тоа што на денот на одигрување, од тоа што може да се види од видеото, на теренот имало барем триесетина сантиметри снег, но судијата Зоран Петровиќ, тогаш еден од најдобрите светски судии, дал “виза“ да се игра.

И се играло, и тоа како се играло. И Вардар и Искра со отворен “гард“, напади и акции, звучи чудно ако се гледаат, како што веќе рековме, временските услови.

И по таков снег, по такво време, Рингов прво од пенал му донел водство на Вардар за 1:0. Следувала акцијата на Савевски и Алексовски, која ја завршил Здравков за 2:0, додека за третиот гол Рингов му асистира на Здравков.

Гледајте и уверете се дека и на снег може да се игра квалитетен фудбал. Нешто што Вардар во таа сезона вообичаено го правел.