Преамбициозно или не. Имено хрватските клубови имаат амбициозен план. А тој вели дека тие имаат намера да бараат дури 70 милиони евра за ТВ правата за ХНЛ. И тоа по 10 милиони евра годишно,а договорот би траел од 2022 до 2029 година.

Денеска во Загреб се одржал состанок на клубовите од ХНЛ со кој претседавал Дамир Мишковиќ, инаку газдата на Ријека и потпретседател на Хрватскиот фудбалски сојуз. Иако нема никакви реакции од тој состанок, сепак се шпекулира дека Мишковиќ им го предложил планот за тоа како ХНЛ би можел да се “продаде“ за многу пари.

Сега ТВ Арена годишно плаќа за емитување на натпреварите во првата хрватска лига 1,5 милиони евра. Потоа тие пари се делат, секако не подеднакво на клубовите. Е сега апетитите пораснале, Мишковиќ и Ријека, секако Динамо, Хајдук и Осијек бараат 10 милиони евра а договорот да биде во времетраење од седум години. Значи вкупната сума би била 70 милиони евра, а за тоа засега свој интерес пројавиле Арена и Спортклуб, тоа се најголемите балкански спортски ТВ.