Таткото на Хабиб Нурмагомедов, Абдулманап поради компликации со пневмонија е пренесен во московска болница, тој е во кома. Сериозноста на здравствената состојба на Нурмагомедов сениор го крена на нозе целиот УФЦ свет затоа што ова семејство значи многу.

За ова говори и реакцијата на самиот Конор Мекгрегор инаку заколнат непријател и ривал на Нурмагомедови кој на својот твитер профил испрати целосна поддршка.

„Човек кој создал многу ветски шампиони во многу дисциплини, тој е гениј во светот на боречките вештини. Се молам за здравјето на Абдулманап Нурмагомедов“, напиша Мекгрегор.