После повеќе од 50 дена, ракометарите на Веспрем почнаа со колективни тренинзи. Во Унгарија полека се ублажуваат мерките, па момците на Давид Дејвис почнаа да се подготвуваат групно, иако е веќе ставен крај на сезоната.

Присуството на тренинзите на Веспрем засега не е задолжително, туку по желба на играчите.
Многу странски играчи заминаа дома откако беше објавен крај на сезоната. Така во моментов од Веспрем отсуствуваат Македа, Маркусен, Цупара, Коралес, Мораес, Јахија.