Во Веспрем чекаа подобри денови за да можат на најдобар можен начин да се збогуваат со дел од ракометарите кои следната сезона нема да го носат дресот на унгарскиот тим.

Откако Владата на оваа земја им дозволи на спортистите да се вратат во салите, челниците на клубот заедно со стратегот Давид Дејвис одлучија на интересен начин да се поздрават со Мирсад Терзиќ (Висла Плоцк), Борут Мацковчек (Пик Сегед), Драган Гајиќ (Лимож) и Павел Пацковски (Мешков Брест).

Сите направија заедничка фотографија во Веспрем Арена.