Ферари експресно реагираа откако пропаднаа преговорите со Себастијан Фетел околу продолжување на соработката. Нов возач на „црвено-црните“ и тимски колега на Шарл Леклер во 2021 година ќе биде Карлос Сајнц Жуниор.

Оваа информација кружеше неколку денови но денеска доби и официјална потврда. Мадриѓанецот ќе биде третиот Шпанец во Ферари после Алфонсо де Портага и Фернандо Алонсо.

Сајнц кој доаѓа од тимот на Мекларен ставил потпис на договор до 2022 година.

А и Мекларен веднаш реагираа. На местото на Сајнц го донесоа Даниел Рикардо, кој после две сезони во Рено од 2021 година ќе го вози болидот на Мекларен.