Од пандемијата на коронавирус меѓу погодените се и клубовите. Челниците се обидуваат на секој начин да ги спречат големи загуби. Дел се одлучија да ги намалат платите на своите членови, дел да продаваат билети за вирутелен натпревар.

Кил одлучи да се потпре на своите фанови, во продажба пушти 12.361 билети за виртуелен меч, но резултатите се разочарувачки. Според информациите кои доаѓаат од оваа земја, продадени се 2.076 карти.

Бундес-лигашот имал намера да го урне рекордот на посетеност од сезоната 2011/12 против Гумербах, поточно да продаде повеќе од 12.361 билет.

И покрај неуспехот, Кил ќе продолжи да ја применува оваа кампања, откако собра 1.300 евра, одлучи истите да ги донира за децата кои сакаат да играат ракомет и потекнуваат од семејства со скромни приходи.