Нови моменти за случајот СРЦ „Кале“. Државната комисија за спречување на корупција денеска јавно побара од Владата и обвинителството да поведат постапка против Шпенди Хајредин, директорот на Јавното претрпијатие за стопанисување на објекти.

Според ДКСК Хајредин давал под закуп спортски објекти кои според Законот за Спорт не требало да ги издава.

„Рагледувајќи го предмет кој што се однесуваше на Јавно претпријатие за стопанисување на објекти во сопственотст на државата, увидовме дека постојат низа слабости во работењето на директорот поради што ќе упатиме инцијатива за поднесување на одговорност до Владата, да утврди одговорност во работењето на директорот. Постојат основи за сомневање за злоупотреба на службената должност и ќе упатиме иницијатива до соодветното Јавно обвинителство да постапува по овој предмет. Директорот издавал под закуп спортски обејкти кои според Законот за спорт не треба да ги издава бидејќи тие се суштински, склучувал договори за закуп без одлуки донесени од страна на Владата“, изјави претседателот на ДКСК Билјана Ивановска.

Претходно од антикорупциска излегоа со став дека поранешниот претседател на КФСМ и сегашен советник за Спорт, Даниел Димевски нелегално се стекнал со право на сопственост да дел од објектите на СРЦ „Кале“.