По левото крило Мирко Мајиќ и средниот бек Горан Печенковски, РК Бутел потврди нов договор на една година и со десното крило Златко Мојсоски. Бутелчани се обидуваат да останат со респектабилен тим и за следната сезона во која ги очекува и европски настап.

„Чест ми е што сум дел од оваа успешна приказна, екипа која од година во година расте се повеќе. Бутел Скопје е екипа составена пред се од добри момци. Имаме одлична хемија и другарство кое беше пресудно за успешната сезона, која сепак не се доигра до крајот. Се надевам дека со моето искуство и професионализам ќе придонесам да се продолжат добрите резултати на екипата како на домашна сцена, така и во Лигата на Европа. Голема благодарност до управата со која имаме одлична соработка и се надевам дека истата ќе продолжи и во иднина“, истакна Мојсоски.