Најстариот фудбалер на француската Лига 1 на 43-години го продолжи својот договор со екипата на Монпелје. Станува збор за Бразилецот Хилтон, чиј клуб денеска потврди дека тој го продолжил договорот до 2021 година.

Хилтон е роден на 13 септември 1977 година и игра како стопер. Тој пристигна во Монпелје во 2011 година од Олимпик Марсеј.

„Знам дека ова ќе биде мојот последен договор и тоа е нешто посебно за мене. Имав сон да играм сè до 40-тата година, но сега имам можност да играм фудбал и на 43 години“, рече Хилтон.