Металург го потврди денеска своето ново засилување Енрике Тешеира, кој доаѓа од редовите на романскиот клуб ЧСМ Букурешт.

Договорот на Тешеира е потпишан на една сезона, со можност за продолжување на уште една, но по неколку часа, да стигне информација дека тоа не е точно.

Зборував со Тешеира и конечна одлука ќе биде донесена следната недела, по состанокот во клубот. Македонците избрзаа со информацијата дека се договориле. Тешеира нема потпишано договор со Металург, и негова прва опција засега останува ЧСМ Букурешт“, вели тренерот на овој клуб Кристијан Стамате.

Тешеира игра за ЧСМ од 2018 година.