Челниците на Формула 1 и организаторите на трката за Големата награда на Британија се договорија на патеката Силверстон оваа сезона да се одржат две трки.

Тие две трки се планирани за два викенда по ред и тоа едната на 26. јули, а другата на 2.август. Договорот се уште не е потпишан, но тоа ќе биде направено наскоро.

Силверстон веќе потврди дека трките ќе се возат зад затворени врати, што значи дека ќе нема публика. Причината е јасна – коронавирусот.

Планот е сезоната во Ф1 да почне со две трки на патеката Ред Бул Ринг во Австрија на 5. и 12. јули.

Ова е првпат во историјата во една сезона да се возат две трки на иста патека.