Полицијата на Флорида е во потрага по двајца НФЛ играчи кои се обвинети за вооружен грабеж. Играчот на Њујорк Џајантс Деандре Бакер и членот на Сиетл Сихокс Кинтон Данбар се осомничени дека опљачкале луѓе на куќна забава со закана со оружје. Со себе однеле 12.000 долари во кеш, како и часовници, прстени, ланчиња и други скапоцености во вредност од 25.000 долари.

Играчите се во бегство, а полицијата трага по нив.

Полицијата вели дека на грабежот му претходел инцидент. Госите играле карти и видеоигри, а Бакер наводно извадил пиштол по што Данбар и уште едно лице (засега не е познато) почнале да ги собираат парите и накитот.

Потоа тројцата се качиле во своите возила, Мерцедес, Ламборгини и БМВ и избегале. Еден од сведоците изјавил дека грабежот бил планиран затоа што возилата биле паркирани за бегство.

Read the Miramar arrest warrant for NFL's DeAndre Baker, Quinton ...