Во анкета која ја спроведе „Моргенмагазин“ во Германија, дури 56% од испитаниците се против враќањето на фудбалот во оваа земја. Според ова истражување, само 31% се за враќање на Бундеслигата, додека останатите немаат никакво мислење.

Германската фудбалската лига почнува овој викенд со натпреварите од 26 коло. Во моментов битка за титулата водат пет тима: Баерн Минхен, Лајпциг, Борусија Дортмунд, Менхегладбах и Баер Леверкузен.

40% од испитаниците кажале дека сакаат полесни мерки од сегашните, но кога станува збор за фудбалот, сметаат дека треба да не се враќа, односно да се прогласи сезоната за неважечка, и екипите да се подготвуваат за следната.