СПОРТМЕДИА прва објави дека Мирко Алиловиќ е во сериозни преговори со тимот на Е. Пелистер. Искусниот голман кој е член на Пик Сегед е желба на стратегот на битолскиот тим, Жељко Бабиќ кој соработуваше со искусниот голман кога овој беше селектор на Хрватска.

Дознаваме дека Е.Пелистер го делат 2.000 евра од потписот на Алиловиќ, понудата која челниците на клубот ја нудат е помала од онаа што ја бара голманот.

По заминувањето на Никола Митревски, мрежата на битолчани остана без вистинско решение на оваа позиција, а амбициите кои ги имаат за новата сезона во која ќе бараат вајлд-карта за Лигата на шампионите (доколку не ја добијат ќе играат директно во Лига Европа, како и настапот во СЕХА-лига и најавениот атакт на титулата во домашниот шампионат, сами по себе налагаат Бабиќ да има многу поквалитетен состав, и секако едно име како што е Алиловиќ.

Дали двете страни ќе договорат понуда од која сите ќе бидат задоволни останува да биде познато во скоро време.