Генералниот директор на „Росгонок“, Алексеј Титов, потврди дека руското Гран при на Формула 1, како што е планирано, се очекува да се одржи на 27 септември. Покрај тоа, тој рече дека трибините на патеката во Сочи може да бидат и полни со гледачи.

„Мислам дека нашата трка има шанси да се одржи пред публика. Но, мора да знаеме дека ситуацијата со епидемијата е доста комплицирана и сега е рано да се каже како ќе изгледа сè кон крајот на септември. Секако, ако Гран прито биде без гледачи, тогаш тоа ќе друг формат на работа“, вели Титов.

Промоторите на Формула 1 во моментот имаат две зацртани цели: трките во Австрија ќе се одржат на 5 и 12 јули, а потоа ќе се утврдуваат и сите други термини. Русите се оптимисти дека ќе имаат трка со публика.