Металург донесе ново засилување во своите редови. Станува збор за бразилскиот репрезентативец Енрике Тешеира кој игра на позицијата централен бек, и во моментов е дел од романскиот ЧСМ Букурешт.

Тешеира во минатото играше за Гранољерс и Хуеска од Шпанија.

Робусниот ракометар (192 см, 95 кг) игра и во напад и во одбрана, и со него се избегнува измена.

Тој е четврто засилување од странство за краток рок во Автокоманда. Претходно тимот на Металург се засили со Момир Рниќ, Бранко Канкараш и Никола Потиќ.