Микел Хансен е мајстор за ракомет, за 2019 година беше прогласен за најдобар во светот, но членот на ПСЖ и репрезентативецот на Данска, според многумина го утнал стајлингот на сопствената венчавка.

Пред неколку дена тој стапи во брак со својата долгогодишна придружничка Стефани Гунделах, а тука беше и нивното синче Еди Макс. 

А Микел не само што беше во чудна комбинација облечен, туку носеше и патики. 

Коментарите се лоши, сите потенцираат дека најдобриот во светот барем на својата венчавка можел да се облече поприкладно.