Доколку нема дозвола за присуство на гледачи на трките во Формула 1 за оваа година, ГН на Сингапур нема да се одржи, објавија денеска организаторите.

Во отворениот разговор со раководството на Формула 1, водечките луѓе за организација на трката во Сингапур рекле дека не е профитабилно да го одржат натпреварот без гледачи.

„Наш главен приоритет останува благосостојбата и здравјето на нашите навивачи, волонтери и на сите Сингапурци“, рече портпаролот на организаторите на трката, додавајќи дека ќе бидат потребни околу три месеци за да се подготват за настанот.

Минатогодишниот Формула 1 викенд во Сингапур го следеа 268.000 луѓе низ улиците на Марина Беј преку два квалификациски дена и еден натпревар. 40% од нив биле странци, па јасно е зошто организаторите на трката ја споменуваат профитабилноста.