Челниците на НБА лигата продолжуваат да бидат оптимисти во врска со продолжувањето на сезоната. Главната причина, се разбира – огромните загуби што би ги претрпеле, ако не успеат да најдат начин за завршување на сезионата

Комесарот Адам Силвер се очекува наскоро да излезе со конкретен предлог план како да се заврши остатокот од сезоната. Некои финансиски корпорации пресметаа дека доколку сезоната биде прекината, односно нема плеј-оф натпревари, НБА ќе претрпи загуби од 900 милиони долари.

НБА лигата ќе се обиде да ја одигра и регуларната сезона до 70 натпревари што се емитуваат на телевизија, затоа што ова е минимален праг во договорот со тв-каналите.