Извештајот од обдукцијата на Коби Брајант и другите загинати во хеликоптерската несреќа е завршен. НБА ѕвездата починала како последица на сериозни повреди на внатрешните органи, односно имал фатални повреди на мозокот, и 30% изгореници.

Во извештајот се наведува дека смртта кај сите настапила моментално, како последица на тешки телесни повреди како што се скршеници и раздвоени коски од телата. Во изгорените остатоци од облеката имало траги на бензин.

„Овие повреди се брзи и фатални“, се вели во извештајот.