Дејан Манасков заедно со своите соиграчи од Веспрем се вратија во сала по пауза од два месеци.

Иако шампионатот во Унгарија е завршен, сепак ракометарите тренираат, секако во поопуштена атмосфера.

Тимскиот дух го билдаат и со други спортови, на ред дојде кошарката. Македонскиот репрезентативец покажа дека може добро да се снајде и во овој спорт.