Првенството во Албанија, барем такви се најавите, треба да продолжи некаде на почетокот на следниот месец. Влазнија е во проблем зошто има странец тренер, тоа е нашиот екс – селектор и повеќе странски фудбаелери, од кои четворица Македонци. Проблемот е кога, барем според прописите во врска со Ковид-19, треба кога ќе се вратат во Албанија на 18-19 мај, да бидат најмалку 14 дена во карантин. Но, тоа за Јонуз изгледа дека нема да важи.

“Јас не влегувам во карантин, разговарав со надлежните и сме на добар пат да се договориме да не бидам во изолација две недели, Ако почнуваме на 18 мај јас во Влазнија, односно во Скадар, сум следниот ден. Секако дека во контакт сум и со клубот и чекам само сигнал за старт на подготовките. Извесно е дека нема да бидам во карантин“ изјави за Панорамаспорт нашиот стратег.