Македонските репрезентативеци Бобан Николов и Висар Муслиу денеска се вратија на фудбалските терени по долгата пауза поради коронавирусот. Нивниот Фехервар денеска имаше пријателски меч со локалниот ривал Залаегершеги и успеа да оствари минимална победа од 1:0.

И Николов и Муслиу беа стартери за Фехервар и одиграа поголем дел од средбата. Фехервар славеше со голот на Николиќ во последните 15 минути. Ова беше прв меч за нашите репрезентативци по пауза од два месеци. Последната средба тие ја одиграа во унгарското првенство на 14 март. Сега во Унгарија се подготвува терен за враќање на шампионатот со првите мечеви на крајот на мај. Претходно следуваат дуели од Купот.