Извршниот директор на Мекларен, Зак Браун изјави дека Даниел Рикардо е првиот избор на тимот како замена за Карлос Саинц, кој ќе се пресели во Ферари на крајот на сезоната.

Младиот Шпанец ќе го наследи Себастијан Фетел во италијанскиот тим, кој во последниве денови се шпекулира дека е во контакт со Мекларен, но Браун негира дека неговиот тим воопшто бил заинтересиран за Германецот. Тој уверува дека четирикратниот светски шампион ќе одлучи да замине во пензија.

„Јасно е дека Себ е фантастичен возач и четирикратен светски шампион. Но, мислам дека меѓу двете сезони, веќе поминавме далеку во нашите планови и знаевме дека ќе го задржиме Карлос или ќе го донесеме Даниел. Не размислувавме за друг возач освен нив, особено затоа што вестите за Себ пристигнаа доцна, а ние веќе бевме во напредна фаза“, истакна Браун за „Скај“.

Ферари во вторникот објави дека Фетел ќе го напушти тимот на крајот на сезоната. Два дена подоцна, беше потврден трансферот на Саинц во италијанскиот тим.