Како што пишува „Тутомеркато“, а дознава од инсајдерски извори, УЕФА имала нов план. Клучниот состанок кој беше закажан за 27. мај, ќе биде одложен и закажан за во јуни, најверојатно на 17 или 18. 

Челниците на европската куќа на фудбалот сакаат да им дадат време на федерациите, првенствата сепак да се одиграат, се разбира таму кај што има услови. Па така сега ни 25. мај не е краен рок за да федерациите ја известат УЕФА дали кај нив, и под кои услови, ќе продолжат првенствата. На нив им се дава поголема флексибилност во одлучувањето, исто така се наговестува дека датумот 3. август, како краен рок за завршување на сезоната, би можел да се продолжи.

На 17 -18 јуни, би се решавало и за тоа како би се играле квалификациите за ЛШ и ЛЕ. Тогаш ќе се одредат дефинитивните датуми за завршница во ЛШ и ЛЕ, потоа кога и како би се играло во Лигата на Нации,  секако треба се одредат датумите за баражите за пласман за ЕВРО 2023. Тоа значи ќе почекаме за одредување на нов датум за одигрување на историскиот дуел меѓу Македонија и Косово.