Иако уште ништо не е официјално, сепак се насетува дека многу бргу, и тоа побргу од очекувањата, ќе имаме првокласен спортски спектакл. И тоа на 11 јули во Диријах (С. Арабија), а во него главни фаци ќе бидат “старците“ Мајк Тајсон и Ивандер Холифилд. Некогаш кога тие боксуваа и стануваа светски прваци во тешка категорија, едноставно се “тресеше“ светот, оној спортскиот.
Сепак оваа борба меѓу 53 – годишниот Тајсон, и четири години постариот Холифилд ќе биде од хуманитарен карактер, а приходот ќе оди во битката против коронавирусот.
И двајцата дадоа потврден одговор на понудата за ваков спектакл.
“Луѓето тоа го сакаат, сакаат да ме видат во рингот против Тајсон“ изјави Холифилд.
Инаку позната е нивната “историја“ во бокс мечевите во минатото, кои често беа скандалозни, па и повеќе од тоа.