Статуата на шведскиот напаѓач, Златан Ибрахимовиќ, која е поставена на стадионот на неговиот роден клуб Малме, ќе биде преместена на друга локација.

Општината Малме веќе го контактираше извршниот директор на клубот, Никлас Карлен, да разговара за нова локација на споменикот. Статуата беше цел на континуирани напади поради гневот на навивачите, откако Ибра стана косопственик на друг шведски клуб Хамарби, каде и ја одржуваше својата форма сè додека не се врати во Италија.