Интересна сцена на натпреварот од 26. коло во Берлин помеѓу Унион и Баерн Минхен. Двајца навивачи пробаа да се скријат во крошните на 12 метри високото дрво и на тој начин да го гледаат натпреварот, но не за долго. Полицијата ги воочи и ги приведе. Против нив е покрената постапка и сигурно ќе бидат парично казнети.