Дарија Клишина, руската преубава атлетичарка, пред извесно време добила непристоен предлог.

“Една позната личност во САД, ми понуди 200.000 долари месечно да работам како ескорт-дама. Јасно е дека нема да се збогатам од атлетиката, но зарем јас ви личам за личност која ќе прифати тaква понуда. Им пишав дека не сум заинтересирана, но тие одредено време беа упорни“ изјави Дарија и ја запрепасти светската спортска јавност.

Инаку Клишина се преселила во Атланта, каде настојува да дојде до врвот во скок во далечина. Засега нема позначајни резултати, освен победи на некои познати митинзи. Но затоа е многу амбициозна и се надева дека кога тогаш ќе биде пред Србинката Ивана Шпановиќ и останатите светски скокачки во далечина кои припаѓаат на самиот врв во оваа атлетска дисциплина.