Четири месеци минаа од големата хеликоптерска несреќата во која животот го загуби Коби Брајанат, неговата ќерка Џиџи и уште седум лица.

И натаму трае истрагата околу причината за падот, откако беше откриено дека сите лица во хеликоптерот починале пред да експлодира, и дека истиот не поседувал добри и исправни сензори, денеска се познати деталите од обдукцијата на пилотот.

“Токсиколошките наоди не покажаа присуство на алкохол или пак на дрога. Направени се тестови на кокаин, марихуана и други супдтанци”, стои во официјалниот извештај.