Поранешниот тренер на Панатинаикос и актуелен тренер на колеџот Ајона, Рик Питино, ќе остане на кормилото на репрезентацијата на Грција. 67-годишниот тренер ќе го предводи нашиот јужен сосед на Олимпискиот квалификациски турнир, а потоа и на самата Олимпијада, доколку Грција се квалификува.

„Можам да потврдам дека останувам селектор на Грција“, изјавил Питино во телевизиско интервју.

Американецот исто така кажа зошто одбил да ја продолжи својата работа со Панатинаикос.

„Не сакав повторно да го тренирам Панатинаикос. Едноставно не беше мој тип на тим“, објасни Питино.