За време на пандемијата коронавирус можевме да причитаме најразлични приказни, но и да дознаеме бројни информации. Една од нив е за Мохамед Салах, кој порано се поврзуваше со Реал Мадрид.

За ова стигна потврда од поранешиот помошник селектор на Египет, Хани Ремзи.

„Кога соработував со Хектор Купер, имавме тренинг во Швајцарија во март 2018 година. Тогаш разговарав со Салах ми откри дека има навистина добра понуда од Реал Мадрид. По разговорот со мене и Купер одлучи да ја одбие“, рече Ремзи.

Истата година Салах играше финале во Лигата на шампиони против Реал, но доживеа повреда, а неговиот тим беше поразен.