Од САД доаѓаат убави вести за сите фанатици на НБА-лигата. Според тамошните медиуми, водечките луѓе на најсилното светско натпреварување го скратија периодот за подготовки од 4-5 недели на 2-3 недели, што пак најавува дека процесот за продолжување на сезоната се забрзува.

За очекување е тимовите да играат во еден од тамошните градови, ќе биде дозволено да бидат присутни и семејствата на кошаркарите од НБА-лигата.

Ова натпреварување како и останатите два месеци е замрзнато, на големо се работи на мерките кои треба да бидат спроведени за сигурно и безбедно враќање на играчите на терените.