Во таборот на Вардар тргнаа работите кон позитивно, се гради составот кој ќе продолжи да биде дел од Лигата на шампионите во која доминира, во последните три години подигна два пехари.

По Иван Чупиќ, нови договори потпишаа капитенот на европскиот првак, Стојанче Стоилов, Тимур Дибиров и Кристијан Дисингер.

СПОРТМЕДИА дознава дека сите тројца и официјално ќе бидат потврдени во текот на утрешниот ден. Се очекува позитивни вести за Глеб Калараш, кој има договор со македонскиот првак и за следната сезона, но истиот треба да биде потврден.

Вардар од први јуни и официјално ќе биде во рацете на старо-новиот претседател, Михајло Михајловски, кој најави дека до крајот на 20. овој месец ќе биде познато кои ракометари ќе останат од стариот состав.

Пред два часа Сергеј Горбок потврди дека замина.

Претходно беше потврдено дека Борко Ристовски и Марко Кизиќ и следната сезона ќе бидат на голот, во составот останува Марко Мишевски, а од пред некој ден беше договорен и Томислав Јагуриновски.