Кошаркарите на Црвена Звезда претходните седум дена првата фаза од подготовките за евентуален кам-бек на терените ги одработија надвор откако претходно го направија потребниот тест за „Ковид-19“ и ги спроведоа сите мерки кои ги наложи тамошната Влада.

Денеска од таборот на „црвено-белите“ соопштија дека од утре се враќаат во салата „Александар Николиќ“.

„Нашиот сениорски тим ќе го направи следниот чекор, враќање во салата „Александар Николиќ“, каде од утре ќе почнеме со тренинзи. Надворешните терени нема да останат празни, се враќаат трите млади селекции на нашиот тим“, се вели во известувањето на Звезда.