УЕФА планира да ја заврши сезоната 2019/20 до август, вклучително и Лигата на шампионите и Лигата на Европа, изјави претседателот на Европската фудбалска федерација, Александар Чеферин.

Повеќето европски лиги беа суспендирани во средината на март поради КОВИД-19, но некои лиги најавија продолжување на првенството во наредните недели. Француската и холандската лига го откажаа продолжувањето на првенството и прогласија шампион, а германската Бундеслига го продолжи суспендираниот шампионат вчера и Чеферин се надева дека најмалку 80 проценти од лигите ќе одат по тој пат и ќе го завршат првенството.

„Имаме идеја, но мора да почекаме извршниот одбор на УЕФА да ги потврди датумите. Можам да кажам дека европската сезона ќе заврши, ако се оди како што гледаме сега, во август“, изјави Чеферин за БеиН Спорт и додаде:

„Оние што нема да ги завршат првенствата, тоа е нивна одлука. Но, тие сепак ќе треба да играат квалификации ако сакаат да учествуваат на европските купови организирани од УЕФА“.

За ЛШ сега преставува проблем како ќе се организираат средби во Франција, откако влаата таму забрани спортски настани до септември.

„ПСЖ и Лион ќе треба да ги организираат натпреварите во Франција. Ако тоа не е можно, тогаш ќе треба да играат на неутрлен терен. Ако не можете да играте во вашата земја, тогаш треба да се организирате на неутрално ниво. Не гледам причина зошто француската влада не ќе им дозволила да се организираат натпревари без гледачи, но ќе видиме. Тоа е над мојата моќ“, истакна тој.