По долги преговори и прогнози, конечно, Ла Лига и Шпанската федерација се договорија околу продолжението на сеозната. Луис Рубиалес и Хавиер Тебас најдоа заеднички јазик за продолжување на Примера.

Фудбалот на Пиринеите се враќа во јуни, а натпреварите ќе се играат секој ден, вклучително и во понеделник. Екипите ќе имаат 72 часа одмор помеѓу натпреварите.

Бидејќи тие ќе се играат во јуни кога температурите се високи, можни се подоцнежни вечерни термини, а во помалку топлите места, натпреварите ќе започнуваат во 8 часот навечер. Во градовите на југот ќе се игра и во 23 часот навечер.

Овој договор треба да го официјализира судијата Андрес Санчез Магро, добро познат судски орган, кој инаку е голем обожавател на Кадиз. Споровите беа решени во неговата судница, како оној минатиот август кога тој дозволи фудбал во петок, но не во понеделник. Според планот, Шпанците треба да се вратат на терен на 12 јуни, а целта е да се заврши првенството до крајот на јули.