РК Бутел продолжува да го склопува играчкиот мозаик пред новата сезона. По три нови договори потпишани во изминатите денови, денеска од клубот се пофалија со уште еден нов договор.

По левото крило Мирко Мајиќ, средниот бек Горан Печенковски, десното крило Златко Мојсоски, договорот за една година го продолжи и средниот бек Димитар Ѓоргиевски.

„Јас сум во Бутел уште од формирањето на клубот и задоволен сум што ќе бидам играм овде уште најмалку една сезона. Бутел Скопје е сериозен клуб, кој напредува од година во година и за следната сезона имаме високи амбиции. Сите заедно ќе се потрудиме да одиме едно скалило погоре од она што го имаме постигнато досега. Имаме добар колектив, а тоа беше пресудно за да го продолжам договорот. Сметам дека можам овде да напредувам во кариерата и среќен сум што ќе соработуваме со момците и со тренерот Грчевски и наредната сезона“, вели Ѓоргиевски.