Вардар се позасилено работи на обезбедување на играчкиот ростер за следната сезона. По денешната објава за останување и нови договори на Стоилов, дибиров и Дисингер, вечерва од клубот стигнува потврда и за нова соработка со Калараш. Русинот подолго време се зборува дека сака да остане во Вардар, па по последните разговори со Михајло Михајловски договорена е нова соработка и со него, по што и тој следната сезона останува „црвено-црн“.

Вечерва СПОРТМЕДИА од клубот доби потврда дека е договорен и нов голман. Станува збор за 25-годишниот Робин Кантегрел, кој досега настапуваше во екипата на Сесоњ-Рен и кој ќе биде ново засилување меѓу стативите. Тој заедно со Борко Ристовски и Марко Кизиќ го затвараат голманското прашање.

Ова значи дека Никола Митревски останува само желба, репрезентативецот ќе продолжи во странство.